Цената на доларот во последните недели исклучително осцилира. Откако пред една недела забележа најголем неделен скок од финансиската криза во 2009 година, минатата недела неговиот индекс забележа најголем неделен пад во последните четири години.

На светскиот пазар вредноста на доларот во споредба со минатата недела забележал најголем пад во последните четири години бидејќи американската централна банка преземала низа мерки за подобрување на доларската ликвидност на финансиските пазари.

Индексот на доларот, кој ја покажува американската вредност во однос на останатите шест најважни светски валути, паднал 2,4 отсто од минатата недела на околу 99,40 бодови, што е негов најголем неделен пад од февруари 2016 година.

Притоа еврото во однос на доларот скокна за 4,2 проценти на 1,1140 долари.

Цената на доларот во последните недели исклучително осцилира. Откако пред една недела забележа најголем неделен скок од финансиската криза во 2009 година, минатата недела неговиот индекс забележа најголем неделен пад во последните четири години.

Во меѓувреме најновите бројни пакети на фискална поддршка, вклучувајќи го и американскиот пакет од 2.200 милијарди долари, со координирани потези на централните банки низ целиот свет, помогнаа да закрепнат останатите значајни светски валути.

Извонредни мерки спроведе и американската централна банка, која неодамна клучните каматни стапки ги намали на нула, а потоа почна да купува државни, па дури и корпоративни обврзници па порача дека ќе позајмуваат директно на компаниите за да ја зголемат ликвидноста на пазарите.

Доларот додатно го притиснаа најновите американски податоци за незапамтениот скок на бројот на барања за надоместоци за невработени од минатата недела за 3,3 милиони, кои ги истакнаа негативните последици од пандемијата на коронавирусот.