dollarДолар во вторникот на меѓународните девизни пазари падна на најниско ниво во однос на јенот од октомври 2014 година, поради влошената состојба на берзите и падот на цената на нафтата.

Долар во таква атмосфера падна за 0,8 проценти во однос на јенот, на 110,40 јени.

Јапонската валута често се бара во време на превирања на пазарот и економска несигурност, па вредноста на доларот во еден момент падна на 110,30 ¥, што е најниско ниво од 31 октомври 2014 година. Доларот од почетокот на годинава во однос на јенот ослабе за 8,2 проценти.

Во исто време и еврото падна за 1,2 проценти во однос на јенот на 125,30 јени, што е најниско ниво во последните две недели. Исто така, еврото ослабе за 0,3 проценти во однос на доларот, на 1,1364 $.

Цените на нафтата во последните неколку дена имаат надолен тренд поради се помалите изгледи за постигнување на договор помеѓу водечките производители за намалување на прекумерната понуда,а нов удар за цената на нафтата е веста дека побарувачката за бензин во САД во јануари забележа пад за прв пат во 14 месеци.