dollar1На меѓународните валутни пазари доларот во понеделникот ослабе откако инвеститорите одлучија да ја повлечат заработката, откако минатата недела вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните 14 години.

Во однос на јенот се тргува за 117,35 јени, односно пад од 0,9 проценти во однос на затворањето на пазарот во петокот. Американската валута ослабе малку и во однос на еврото, на 1,0465.

Долар индексот што укажува на вредноста на доларот во однос на другите шест големи валути, падна на 102,65 поени, а во петокот во 102,90 поени.

Во средината на минатата недела индексот за прв пат по 14 години, избувна над нивото од 103 поени. Откако минатата недела ФЕД ги зголеми клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени и сигнализираше дека следната година ќе се забрза темпото на зголемување.

Аналитичарите веруваат дека проценките на забрзување на растот на каматите се одговор на најавената политика на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп дека ќе ги намали даноците, зголемување на фискалната потрошувачка и инвестициите во инфраструктурата, како и олабавување на регулацијата во одредени сектори. Овие политики, се верува, дека може да го забрзаат растот на американската економија и инфлацијата.