usd_chfДоларот во вторникот на пазарите забележа пад, втор ден по ред, во однос на кошницата валути поради претпазливоста на инвеститорите, кои се одлучија на добитоносна продажба во пресрет на прес конференција на ново избраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Долар индексот, кој ја мери вредноста на доларот во однос на другите шест главни светски валути, во таква атмосфера падна за 0,2 проценти на 101,77 поени.

Вредноста на доларот во однос на јенот падна за 0,2 проценти во споредба со крајот на тргувањето од претходниот ден, на 115,82 јени.

Еврото во таква средина зајакна во однос на доларот, со што надмина 1,06 долари, највисоко ниво за оваа година. Еврото зајакна и во однос на британската фунта на највисоко ниво во последните два месеци од 87,635 пени.