Околу 45 земји и институции се состануваат на 21 ноември во Париз за да ветат милиони евра помош за Молдавија, бидејќи се стравува од можна дестабилизација на земјата поради конфликтот во Украина.

Како се наближува зимата, Молдавија, која во голема мера е зависна од енергетските испораки на Русија, се соочува со поголеми потешкотии.

Москва ги намали испораките на природен гас за околу 40 отсто, со што Молдавија не може да произведе доволно струја за своето население.

Молдавија која се наоѓа меѓу Украина и Романија, прими илјадници бегалци од Украина. Во Молдавија, која има околу 2,5 милиони жители, има најмногу украински беглаци по глава на жител од која било друга земја.

На донаторските конференции во Берлин и Букурешт претходно оваа година беа ветени околу 1,3 милијарди евра.

Помошта ќе се користи за поддршка на буџетот на Молдавија и снабдувањето со струја, како и за трошоците за сместување на илјадници украински бегалци.