Вчера се срушија акциите на Вол Стрит, откако кинеската валута забележа драстичен пад. Падот на акциите беше поттикнат и од стравот од натамошна ескалација на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот.

Поширокиот индекс С & П 500 падна за 2,0 проценти, индустрискиот Дау Џонс за 526 поени или 2,0 проценти на 25.963 поени, а Технолошкиот индекс Насдак за 2,6 проценти, пренесува АП.

И на европската и азиската берза вчера беа регистрирани драстични падови на вредноста.

Индексот FTSE 100 на Велика Британија падна за 2,47 проценти, германскиот ДАКС за 1,80 проценти, францускиот КАК 40 за 2,19 проценти и ИПЕКС на Шпанија 35 за 1,35 проценти, според Блумберг.

Еврото порасна за 0,7 проценти на 1.1181 американски долари, јапонскиот јен 0,4 проценти на 106,17 јени за доларот, додека индексот на доларот „Блумберг“ стагнираше.

Во Азија, јапонскиот индекс „Најки 225“ падна за 1,74%, а во „Хонг Конг“ Ханг Сенг индексот падна за 2,85%.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк