Потегот на Народната банка и покачувањето за дури 0,75 процентни поени на основната каматна стапка која сега изнесува 4,25 проецнти е единствениот одговор за спречување на натамошното растење на инфлацијата и можеби требаше да се десјтвува уште порано, смета професорот Ванчо Узунов.

Банките ќе мора да ја следат централната банка а тоа ќе се одрази врз граѓаните и економијата

Доколку е нема ефект и не се заузда инфлацијата НБРМ треба повторно да ја покачи основната каматна стапка, а професорот Узунов очекува тоа да се случи во јануари бидејќи императив е инфлацијата да стагнира и да почне да паќа.

Двоцифрена каматна стапка не е нешто непознато во Македонија, но ефектот е девастирачки.

Оптимистичкото сценарио според професорот Узунов е 2024 година да почне подобрувањето на животниот стандард и вистински и стабилен раст на економијата.

Годината ја почнавме со каматна стапка од 1,25 проценти. Првото покачување беше во април од 0,25 отсто како одговор на тогашните 8 проценти инфлација. Во мај и јуни НБРМ ја покачи за нови 0,25 процетни поени за во јули , септември и  октомври зголемувањето да биде по половина процентен поен пред последното највисоко досега зголемување од 0,75 со што каматната стапка достигна 4,25 проценти.