• Јавното претпријатие „Државни патишта“ на неопределено време вработи 143 инкасанти за наплата на патарина, главно оние кои досега ги плаќаше со привремени договори.
  • На огласот било предвидено да се вработат 66 Македонци, 58 Албанци, деветмина Турци, петмина Роми, еден Влав, двајца Бошњаци и уште двајца од други националности.
  • Директорот Ејуп Рустеми се пофали со рекорден приход од патарините од 62 милиони евра.