Сите плаќања на државните институции и примателите на средствата на увид на јавноста преку веб платформата „Отворени финансии“. Достапни се трошењата од 2010 година. Има финансиски податоци за над 12,5 милиони трансакции.

Ако новинарите и невладините организации досега требаше да потрошат време за да добијат некаква информација за трошењето на јавните пари, сега преку платформата „Отворени финансии“ на Министерството за финансии и граѓаните ќе може да добијат податоци и да регираат во случај на сомнителни трансакции или корупција.

Се отвори државниот трезор со податоци за над 12 милиони трансакции направени од 2010-та до денес. Според надлежните, транспарентноста во трошењето е поттик за законско работење на институциите кон европскиот пат.

Во првата фаза министерствата, агенциите, државната управа, а во втората фаза и локалната сампоуправа ќе треба да ги процесуира сите трансакции на веб- страницата. Порталот „Отворени финансии“ следува по Алатката за отчетност и сервисните веб страници на Владата.

Платформата „Отворени финансии“ е дел од големата реформа на јавните финансии, поддржана од Меѓународниот републикански институт ИРИ и УСАИД.