Демократската Унија за Интеграција ја информира јавноста дека опозициската ВМРО ДПМНЕ во соработка со Левица активно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции.

Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост.

„Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициона банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8.

Дополнително, ВМРО ДПМНЕ во соработка со Левица, ги блокира законите за брза и ефтина изградба на коридорите 8 и 10 – Д при што, таа неразбирлива блокада ги чини граѓаните и државниот буџет над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години подолга градба на автопатиштата.

Затоа, одлуката на Владата на Република Северна Македонија да искористи деловнички можности за усвојување на законите за работни односи, за градба, за урбанистичко планирање, експропријација и специјалниот закон, е правилна одлука. .

Лажните вести на опозицијата за спомнување на 60 часа работно време или пак дека пратеници го виделе договорот, како и дека ќе се плаќаат ‘пенали* заедно со увезување над 70% работна сила падна во вода затоа што се едноставно лажни вести.

Законот за работни односи овозможува работникот, по своја претходна писмена согласност и со целосно платено дополнително работно време, да може да работи дополнителна работа, при што мора да се почитуваат одредбите за 12 часовен одмор и 24 часа слободни во текот на неделата.

Другите законите овозможуваат олеснување и поедноставување на инститиционалните процедури за сите национални и стратешки проекти на земјата, не само на изградбата на коридорите 8 и 10 – Д, туку и за железниците, проектите во енергетиката, гасоводот, итн.

ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба. На заложништвото на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ му дојде крајот. Деструктивното неодговорно однесување со парите на граѓаните од страна на ВМРО ДПМНЕ нема да се толерира“, велат од партијата.