Еден од најпознатите брендови за крофни во светот Dunkin’ Donuts затвора 800 продавници низ Америка.

Компанијата која пред неколку години го промени своето име во Dunkin’ сега влезе во голема криза.

Во одлуката за своето затворање е наведена ситуацијата со Корона вирусот и промените на навиките кај луѓето, кои сега не излегуваат често од дома, и кои земаат кафе за носење, и ретко седнуваат да работат во нивните локали.

Кризата која ја погоди Dunkin’ е знак дека никој не е имун на оваа ситуација.