Србија денес официјално има до 2,7 милиони свињи, додека сточарите проценуваат дека има помалку од два милиони.

Србија годишно не произведува доволно свинско месо за да ги покрие домашните потреби, а и недостигаат околу десет отсто, поради што е принудена да ги увезува тие количини.

Според податоците на Стопанската комора на Србија, годишно се произведуваат 496.000 тони од сите видови – околу 300.000 тони свинско месо, 78.000 тони говедско и 118.000 тони живина. Во првите девет месеци од годинава увезени се 31.000 тони свинско месо во вредност од 76,8 милиони евра.

Истовремено, извезени се 3.500 тони говедско и само 550 тони свинско, додека извозот на преработки е околу 3.800 тони. Месото најмногу се увезува од Шпанија, Унгарија, Германија и Данска, додека најголем дел од извозот е во земјите од ЦЕФТА регионот.

Проценките се дека производството на свинско месо во Србија во првиот квартал од 2022 година ќе забележи драматичен пад. Тоа е дури 48,2 отсто помалку во споредба со истиот период минатата година. 828 компании се вклучени во преработка и конзервирање на месо и месни производи во Србија. Сите заедно минатата година оствариле 164,2 милијарди динари, анализира Пословни хр.