Една од мерките од петтиот пакет мерки е бришење на каматите на долговите што граѓаните ги имаат кон јавните претпријатија.

Според денешното објаснување од премиерот Зоран Заев, оваа мерка не се однесува на сметките за струја и парно од приватните компании како што се ЕВН и БЕГ.

Заев денеска ги повика и нив да се приклучат.

Заасега на оваа листа се јавните комунални претпријатија, јавните претпријатија на државно ниво, Управата за јавни приходи и други јавни институции, како и општините, кои ќе бидат ослободени од данок на добивка на избришаните камати.

Главнината, пак, која граѓаните ја должат повеќе од три месеци, ќе можат да ја плаќаат на 12 рати. Зa ова ќе биде објавен јавен повик во траење од пет месеци, период во кој граѓаните ќе можат да го побараат тоа.