Во наредниот период сумата за поврат на ДДВ преку проектот Мој ДДВ ќе се зголеми на 3.000 денари за едно тромесечие, најави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски пред неколку денови на отварање на СДСМ во Штип.

Преку проектот „МојДДВ“ како еден од најуспешните, за нешто повеќе четири години на сметките на граѓаните се слеале повеќе од 130 милиони евра.

Освен дополнителниот приход за корисниците, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник.

Граѓаните кои скенираат фискални сметки во едно тромесечје сега може да остварат максимален износ од 2.100 денари по корисник. За цела една година тоа се 8.400 денари од корисник.