Банките во еврозоната, најверојатно, уште повеќе ќе го заострит пристапот до кредити во вториот квартал во услови на долготрајна пандемична рецесија, која веќе се заканува да ја уништи сезоната на празници. Ова го објавува студијата објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ), цитирана од Ројтерс.

Под притисок на едногодишни ограничувања со карантин, голем дел од услужниот сектор во Европа преживува преку итни пари. ЕЦБ стравува дека банките ќе ја стегнат славината и ќе ги принудат компаниите да се повлечат од бизнисот, оставајќи лузни во економијата.

Кредитните стандарди и критериумите за одобрување кредити во првиот квартал веќе станаа построги за компаниите. Банките предвидуваат уште поголеми побарувања, во комбинација со можен скок на побарувачката.

Според студијата, побарувачката за кредити е ослабена поради одложувањето на инвестициите од страна на компаниите. Многу од нив се поддржани или од ефтини кредити или од директна државна ликвидносна поддршка.

Сепак, побарувачката за кредити на претпријатијата може да закрепне во вториот квартал, особено кај малите и средни претпријатија, бидејќи построгите рестриктивни мерки ја зголемуваат потребата за готовина.

Стандардите за станбен кредит малку се олеснија во првиот квартал, но банките веројатно ќе го променат овој тренд во вторите три месеци, иако нето побарувачката за хипотекарни кредити се зголемува, се вели во студијата.

„Ова ја одразува неизвесноста на банките во врска со сериозноста на економското влијание на третиот бран на пандемијата и напредокот на кампањата за вакцинација“, рече ЕЦБ во кварталното истражување за кредитирањето.