Рецесијата на коронакризата го троши производствениот капацитет на еврозоната, а владите, со поддршка на Европската централна банка (ЕЦБ), мора поволно да позајмуваат за да обезбедат услови за надминување на кризата, предупреди италијанскиот гувернер Фабио Панета.

ЕЦБ мора да ги задржи трошоците за позајмување на супер-ниско ниво за да можат владите да го трасираат излезот од рецесијата предизвикана од пандемијата на коронавирусите преку трошење, изјави за португалскиот весник „Експресо“ гувернерот Панета, член на управниот одбор на ЕЦБ.

„Поволните услови за финансирање создаваат најдобро опкружување за ефикасна фискална политика што создава услови за приватниот сектор, овозможувајќи му да ги искористи целосно предностите на поволните услови за финансирање, создадени со нашите мерки“, ја цитираше Панета „Експресо“.

ЕЦБ веќе објави дека дополнително ќе ја олесни монетарната политика на сесијата во декември, што укажува дека веројатно ќе се прибегне кон зголемени набавки на средства и дополнителни инструменти за зајакнување на ликвидноста.

„Можеме да сториме многу повеќе со комбинирање на нашите програми за откуп на средства и нашите мерки за поддршка на финансирањето на реалната економија преку банките и пазарите на обврзници“, рече тој.

Нема сомнение дека ЕЦБ е подготвена да преземе конкретни мерки, нагласи тој.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк