Милијардерот Џек Ма, кој воведе е-трговија во Кина, денес и официјално се повлекува како извршен директор на „Алибаба“, откако помина две децении создавајќи бизнис од 460 милијарди долари.

Тој целосно ќе се посвети на филантропија, а ќе биде заменет од поранешниот извршен директор на „Алибаба“, Даниел Чанг, на функцијата извршен претседател, јави Би-Би-Си.

Пензионирањето Ма ќе го одбележи со голема прослава во Ханжу, седиштето на компанијата, објави „Си-ен-ен“.