Економскиот раст на САД нагло забави во првиот квартал од 2023 година, и покрај силната потрошувачка, бидејќи Федералните резерви продолжија со својата историска кампања за заострување на монетарната политика.

Најголемата светска економија порасна за 1,1 отсто на годишна основа во периодот од јануари до март, според прелиминарните податоци објавени од Министерството за трговија во четвртокот, пренесува Фајненшл тајмс.

Тоа означи нагло забавување од темпото од 2,6 проценти регистрирано во последните три месеци од минатата година и беше далеку под очекувањата на економистите за зголемување од два проценти.

Американските државни обврзници се распродадоа по објавувањето на податоците, со што приносите на двегодишните обврзници се зголемија за 0,08 процентни поени на четири проценти.