Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 1 јануари (понеделник) 2024 година заради празнување на Нова Година.

На 30 декември ќе работат експозитурите и филијалите кои се со редовно работно време во сабота.

Ги известуваме нашите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.