Турската влада ги зголемува платите на јавните работници за 45 отсто, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган пет дена пред претседателските и парламентарните избори. Анкетите покажуваат дека Ердоган е во тесна трка со главниот опозициски кандидат Кемал Киличдароглу.
Ердоган го најави зголемувањето на платите на состанокот во Анкара, на кој се разговараше за економските и социјалните права на вработените во јавниот сектор, пренесува АлЏезира балканс.
„Ги зголемуваме платите за 45 отсто, вклучувајќи го и делот од социјалната помош“, рече Ердоган, објавено на веб-страницата на турската влада.
„Затоа ја зголемуваме минималната плата во јавниот сектор на 15.000 турски лири месечно (768 долари). Тој додаде дека ќе продолжи да работи на зголемување на платите и пензиите на државните службеници. Претседателот, кој ја водеше Турција во изминатите 20 години, својата кампања ја заснова на ветувањето за пониски каматни стапки како начин за решавање на економската криза. Тој, исто така, вети дека ќе ја намали инфлацијата и ќе го поттикне економскиот раст.