Естонската компанија Single Earth заработува на шумско богатство без да сече дрва. Работи на пазарот за јаглеродни кредит, а нивната цел е да ги намалат емисиите на овој штетен гас.

Компанијата посредува помеѓу сопствениците на шуми и други компании. Со цел да се компензираат емисиите на јаглерод и да се зачува биолошката разновидност, компаниите им плаќаат на сопствениците на шумските области и мочуришта за да ги заштитат овие природни средини.

На овој начин, Single Earth придонесува за искористување на придобивките од шумите, а тоа се апсорпција на јаглерод диоксид и зголемување на биодиверзитетот. Ова ги охрабрува сопствениците да ги заштитат своите шумски области.

Естонија е меѓу земјите кои се многу богати со шуми. Повеќе од половина од земјата е покриена со шума. Сепак, широко распространето уништување на шумите се одвива низ цела Европа.

Во Single Earth, се надеваат дека ќе го прошират бизнисот низ целиот свет, а тоа е пазар што може да вреди 500 милијарди долари до 2050 година. Се очекува ова да резултира со намалување на уништувањето на шумите на површина од 10 милиони хектари секоја година, соопшти Светскиот економски форум (СЕФ).