Криптовалутата етереум за првпат ја помина вредноста од 3.000 долари на неколку главни берзи, вклучувајќи ги Bybit, Coinbase и BitMEX.

Вредноста на втората најголема криптовалута во светот денес беше околу 3.200 американски долари, што е зголемување за 11 проценти за еден ден, пишува РТ.

На неделно ниво, вредноста на етереумот се искачи за 30 проценти, а од почетокот на годината се зголеми за четири пати, пренесува Индекс.

Во однос на вкупната пазарна капитализација, етер, со 368 милијарди долари, ги надмина корпорациите како The Walt Disney Company, Nestle и Bank of America.