The Euro Symbol in front of the European Central Bank in Frankfurt, GermanyЕвропската централна банка (ЕЦБ) би можела повторно да ги намали каматните стапки доколку економијата на еврозоната не зајакне, а во исклучителни случаи дури и се размислува за печатење на пари и дирекно да се дистрибуираат на граѓаните, изјави главниот економист на Европската централна банка во интервју за италијанскиот печат.

Минато неделната изјава на целникот на ЕЦБ Марио Драги дека не очекува натамошно намалување на каматните стапки ги потресе пазарите, бидејќи се доведе во прашање неговото ветување од 2012 година дека ќе стори се што е потребно за да се спаси еврото. Во меѓувреме пазарите се стабилизира и Драги во четвртокот порача дека каматните стапки ќе останат на сегашното ниво подолг период.

Главниот економист на ЕЦБ Петер Прает во интервју за италијанскиот весник Ла Репиблика изјави дека каматните стапки се уште не се на долната граница.

На прашањето дали ЕЦБ може едноставно да печати пари и да ги дистрибуира до граѓаните на еврозоната, Прает рече дека оваа опција е барем теоретски е можна. Тоа е екстремна форма на олабавување на монетарната политика за која се користи терминот “пари од хеликоптер”, кој беше создаден од американскиот економист Милтон Фридман.