ЕУ ги објави плановите за оценување на авиопревозниците според нивните нивоа на емисии, објави Блумберг.

Во тек е работа за систем за етикетирање, сличeн на оној на апаратите за домаќинство, кој ја проценува ефикасноста на предметите како што се фрижидери, шпорети, пегли и т.н. Европската агенција за воздухопловна безбедност вели дека потрошувачите сакаат да донесуваат одлуки врз основа на информации за авиокомпаниите и аеродромите што ги користат. Во Шведска, резервациите на авиокомпаниите опаднаа додека резервациите на возовите се пораснаа нагло – феномен кој му се припишува на феноменот “flygskam” или „срам за авиокомпаниите загадувачи.“