Целта на овој потег е да се избегне понатамошна ескалација на долгорочниот трговски конфликт со САД што се појави под администрацијата на Доналд Трамп.

Суспензијата на американските царини им овозможува на европските извозници на челик и алуминиум да заштедат приближно 1,5 милијарди евра годишно, објави Европската комисија.

За возврат, беа суспендирани и европските царини за американските производи како бурбон виски, мотоцикли Харли-Дејвидсон и фармерки.

Овие европски царини првпат беа воведени како одговор на дополнителните царини за увоз на челик и алуминиум, наметнати од Трамп во 2018 година.

Трајно решение за трговскиот конфликт требаше да се најде до крајот на оваа година. Сепак, на самитот САД-ЕУ во октомври не беше постигнат договор, што доведе до продолжување на суспензијата на царините.

Како причина за неуспехот, Брисел ги наведе недоволните отстапки од САД, бидејќи Вашингтон наводно сакал да прифати решенија кои не се во согласност со правилата на Светската трговска организација.