Европската унија објави список на 17 земји за кои смета дека се даночни раеви, односно црна листа на некооперативни јурисдикции кои не соработуваат во однос на даночни измами.

На црната листа се наоѓаат Американска Самоа, Бахреин, Барбадос, Гренада, Гуам, Јужна Кореја, Макао, Маршалските Острови, Монголија, Намибија, Палау, Панама, Света Луција, Самоа, Тринидад и Тобаго, Тунис и Обединетите Арапски Емирати.

Постои и „сива листа“ од 44 земји, кои се обврзаа да се усогласат со ЕУ во борбата против даночната измама, а во која спаѓаат Србија, БиХ, Македонија, Црна Гора, Хонг Конг, Швајцарија, Турција, Џерси, Бермуди, Кајмански Острови.

Луксембург не е на црната листа иако меѓународната мрежа на новинари го обвини дека продолжува да толерира лажни компании и даночни трикови.

Збирката од четири милиони документи минатата година покажа дека многу измислени компании во Луксембург имале нетранспарентни сопственички структури и деловни практики, пишува ДВ.