Европската унија (ЕУ) се подготвува да и наложи рекордна казна на Meta, матичната компанија на Facebook, за нарушување на приватноста со пренесување на податоците на корисниците на Facebook од ЕУ на сервери во Соединетите Американски Држави (САД) и непочитување на судските предупредувања. .

Казната ќе биде поголема од претходниот рекорд, казната од 746 милиони евра наметната од ЕУ на Amazon.com, велат изворите.

Meta одби да коментира.

Европските регулатори, предводени од ирската комесарка за заштита на податоци Хелен Диксон, ја финализираат забраната за правната алатка што ја користи Facebook за пренос на податоците на европските корисници во САД, поттикнати од стравувањата дека американските разузнавачки служби би можеле да добијат пристап до податоците.

Во април тие предупредија дека ирскиот регулатор за заштита на податоците има рок од еден месец да издаде наредба за блокирање на трансатлантскиот пренос на податоци на Facebook. Забраната би можела да стапи на сила во наредните денови.

Во 2020 година, највисокиот европски суд го укина договорот САД-ЕУ за пренос на податоци, повикувајќи се на стравувања од надзорот. Меtа минатата година предупреди дека поради забраната на механизмот што го користат за пренос на податоци од Европа во САД, би можеле да бидат принудени да ги прекинат услугите на Facebook на Стариот континент.