Европската унија е подготвена да ангажира 780 милиони евра во итна финансиска помош. Парите ќе одат во земјите-членки што економски се погодени од можниот Брегзит без договор.

Најголемиот дел – скоро 600 милиони евра – доаѓа од Фондот за солидарност на ЕУ, кој е наменет за земјите-членки жртви на природни непогоди. Останатото ќе биде од Европскиот фонд за прилагодување на глобализацијата, кој им помага на отпуштените работници. Европската комисија денес откри нови мерки за итни случаи во случајот Брегзит без договор, додека Велика Британија тоне во политичка криза околу поделбите околу Брегзит.

Европските официјални претставници рекоа дека, покрај 780 милиони евра, финансиска поддршка за надминување на последиците од Брегзит може да дојде и од други фондови – риболов и земјоделство.

Официјален претставник рече дека парите на Фондот за солидарност може да бидат мобилизирани заради релативно малиот број природни непогоди што ги погодија земјите од Унијата оваа година. Но, тој истакна дека користењето на тие пари за Брегзит ќе биде исклучок, само за да им помогнете на засегнатите компании, да ги зачуваат работните места и да ја задоволат зголемената потреба за контроли во трговијата со Велика Британија, доколку не постои договор за Брегзит.

Земјите што најверојатно ќе бидат погодени од Брегзит без договор се Ирска, Германија, Холандија, Белгија, Франција и Данска.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк