Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,5 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 12.4.2021 година.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,726 ден/кг и сега ќе изнесува 34,992 ден/кг.

Од 20.4.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 67,5 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС -98 69 (денари/литар)

Дизел гориво еуросупер БС (Д-Е В) 58,5 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 34,992 (денари/килограм)