На крајот на годината, која беше тешка за сите нас, дојде една особено добра вест, вестта за соработка меѓу Пошти и Халк Банка. Оваа вест е особено добра за вработените во Пошти, како и за најзагрозениот елемент во нашето општество – пензионерите. Особено после турбулентниот и проблематичен период и за двете страни последниве неколку месеци. 

Што значи оваа соработка за двете страни? За вработените во Пошти значи продолжување и зголемување на бизнисот во рамки на најдинамична банка, лидер во иновациите, банка по европски и светски терк, која низ докажан труд и иновативност се носи рамо до рамо со најсовремените трендови. За пензионерите, значи стабилност, професионалност во услугата, гаранција за задоволство и минимум малтретирање, она што нив им е најважно.

Зошто јас сметам дека Халк Банк е најдобар избор? За мене е најважна иновацијата и полетниот дух кај било која банка. Сметам дека Халк најдобро го заслужува овој пиадестал – во континуитет, а особено оваа година. Нивниот подем, истиснувањето на конкуренцијата и завземањето на високото четврто место во банкарскиот сектор, енормен успех, секако не е случаен. Ќе се навратам само на проектите кои ги промовираа оваа година, одговорија на огромен број барања и желби, но и реални потреби на клиентите и се устоличија како банкарски лидер во Македонија. Еве неколку од нивните одлични проекти кои ги преставија оваа година:

 

1. SMARTSEND- ЅВОНИ МИ НА СМЕТКА!

SmartSend услугата ви овозможува лесно да префрлите средства со еден клик на контакт од вашиот телефонски именик кој има активна сметка во Халкбанк и успешно активирана услуга Smart Send.

2. GARMINPAY

Garmin Pay е нова опција  и современо решение за бесконтактно плаќање.

Без разлика дали сакате да платите за вашата вода по утринско џогирање, кафе со вашите пријатели или шопинг за целото семејство, повеќе не ви треба паричник, бидејќи со Garmin Pay плаќате брзо, лесно, без допир само со приближување на вашиот паметен часовник Garmin до уредот за плаќање.

3. ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ

Ненадминат потрошувачки кредит за здравствените работници во време на ковид-19 пандемија, со износ до 1.500.000 денари и најниска каматна стапка на пазарот кај потрошувачки кредити од само 4%.

4. ОНЛАЈН ДЕПОЗИТ

  • Производот е наменет за физички лица корисници на електронско банкарство на Халкбанк и може да се отвори единствено преку платформата за електронско банкарство
  • Минимален износ за отварање на депозитот: 3.000 МКД/ 50 ЕУР
  • Максимален износ на вложување: без ограничување (согласно расположливите средства на трансакциска сметка вклучувајќи го и дозволеното пречекорување)

5. СТУДЕНТСКИ ПАКЕТ

Наменет  за студенти на возраст од  18 до 24 години.

  • Visa PayWave дебитна картичка
  • Повлекување  готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство
  • Бесплатно електронско банкарство
  • Бесплатна мобилна апликација
  • Без трошоци за водење на трансакциска сметка

6. HalkEco

Една од новините на Халк, која мене лично многу ми се допадна. Ненадмината апликација и концепт, со кој физичката активност на клиентите се наградува. Зачувувањето на природата и околината е подигнато на максимум со оваа апликација. Со оваа апликација се редуцира користењето на автомобили, се стимулира пешачењето и возењето велосипед и како за крај, Халк донираше стотици илјади дрва и нивните вработени ги ЗАСАДИЈА дрвата низ државава. Нешто незамисливо ни во најлуд сон за други банки. Секоја чест за ова !

Имаше Халк оваа година и други иновации и успеси, јас ги набројав тие кои ги сметав за одлични, уникатни и нетипични. Според мене, колку е една банка силна, влијателна и сериозна, не произлегува од пазарното учество или бројот на години на пазарот, туку според нејзиниот пенетрациски потенцијал на пазарот, нивото на иновативност, нивото на адаптација на услугите според барањата на клиентите и општо, десеминизацијата на општествената среќа и враќањето кон заедницата. Во овој поглед сметам дека Халк се апсолутен шампион.

Затоа, ја користам оваа прилика да Ви ги честитам, и на Халк Банка и на моите верни читатели Новогодишните и Божиќните празници, да Ви посакам многу здравје, успех и среќа во наредната година и со нови сили да одиме во нови успеси и победи!

 

Наум Димитровски