Тамам се созедовме од политичките драмолетки кои не прекинуваа со месеци, претседателот конечно му го купоса папирот за мандатар на новиот воџа на СДСМ, тамам и ХидроМицко дозборва за предвремени избори, сватија некако со глајте букови дека малцинството со посебни потреби не ги игра, тамам реков ќе се смири ситуацијава за да имаме мирни празници како што доликува, кога слушам еден милозвучен, евнухски звук од телевизорон.

Кога ќе видам, што ќе видам, евнухот Мизо со јако наоштрена веѓа, со милозвучен глас, тивко, кроце, со убаво – повторно ни го потпикнува. Како репрезент на здружението на работни логори, дава некоја изјава дека на странските компании во ТИРЗ-овите им било многу тешко, дека им паѓало производството и нарачките, дека имало проблеми во синџирот на снабдување, абре црни темници испаднаа во ова ТИРЗ-ојве.. И нормално, секоја проститутка прво ти се жали пред да прејде на главното, врти сучи, евнухов го процеди фактот дека на компаниите во ТИРЗ зоните – ПОВТОРНО им требала државна помош. !!!

После толку години во бизнис во ТИРЗ-ојте овие не застанале на здрави нозе, немаат никаков профит ( што и верувам бидејќи целиот е експатриран во Германија или земјите од каде доаѓаат ), почнале да отпуштаат луѓе и им било тешко. Затоа, апелираат државата повторно да ги ослободува од данок на добивка, повторно да им плаќа социјално и здравствено осигурување на вработените, повторно да не им царинат репроматеријали, со еден збор така евнучки, да ни го спотераат уште 10 години да им плаќаме се, ние , народот , преку буџетот – за тие да можат да прават поголеми профити и да ги испраќаат назад во Германија.

Во меѓувреме, ние немаме нафта за школи, болници, струјата ќе стане луксуз на ниво на кавијар, кондури купивме ама немаме за гашти за војскава, ама на јакиве фаци странци, на кои им поклонивме земја, објекти, даноци и робови, треба уште да им ги жулиме мадињата, пошо биле во криза.. Ајде бреее.. во криза биле.. Добредојдовте во Македонија, ние не сме излезени од криза 6 векови… Што ни е гајле за вас? Што ни е гајле за вашиот намален профит паразити?

И ето, евнухот, со милозвучен глас, ја носи пораката на робовладателот, а робовиве овде, знаејки ги знам дека ќе исполнат. Познато безкичмењачство е тоа.. Вековно…

Абре гонете се и ебете се со тие ваши нови барања, окупаторски! Гонете се сосе тие ебани ваши фабрики и ослободете ги робовите. Подобро патлиџани, пиперки и марихуана да садиме, него на Швабите до недоглед да им робуваме..

Еби се и ти евнух Мизо ! На такви окупаторски колаборатори добро им се пресудувало порано. Но се изменаа времињата. Сега евнусите се фаци ! Затоа на ова дереџе дојдовме…

И на крајот на писаниево сакам да ги прашам нашиве дебилни, лоботомирани економисти со импотенција само кога не се на АТМ да земат државна плата или да издудлаат некое проектче.. Добро бе дебили, толку не можевте една клаузула да испреговарате со окупаторите во работните логори дека додека се под субвенција не можат да намалуваат вработени ? До толку сте неспособни? Кај под субвенции уште имаат и опција да намалуваат вработени?! Невидено нешто е ова во светски рамки !

И на крај да се вратам на евнухот, вергла вергла и на крај, како што мастерот го устроил, ни прати во целофан една скриена закана дека доколку не им се одобрат субвенции на фабричиштава германски тие разгледувале опции за Србија, Бугарија или Мароко… Ни го имаат измерено умот.. То е… Знаат дека суб-расата ќе потклекнит под ваква закана и затоа на крај ја испорачува евнухот…
За жал, знам со какви дебили живееме, знам дека ќе ја одобрит нашава ретардирана влада субвенцијата, пошто како се друго во историјата, никогаш што не сме се спротивставиле, така и сега ќе ги спуштиме гаштиве, па наздравје нека ни е…

Јас, во мое лично име, сакам само да му порачам на евнухот Мизо и окупаторите: Fuck OFF!

 

Наум Димитровски