Најновата студија на Европската централна банка покажа дека граѓаните во еврозоната очекуваат употреба на идното дигитално евро да биде безбедно но и да гарантира приватност.

Истражувањето спроведено од ЕЦБ покажува дека граѓаните се најмногу загрижени за можноста да ја изгубат приватноста за плаќањата при преминување кон електронски платежни средства.

Така, 43 проценти од испитаниците изјавуваат дека дигиталното евро треба да ја гарантира приватноста, 18 проценти од нив сакаат безбедност на плаќањето, а 11 проценти од испитаниците укажуваат на можноста за користење на дигиталното евро во целата еврозона. Девет проценти од испитаниците инсистираат на избегнување на дополнителни трошоци, како и можност за офлајн употреба (осум проценти од испитаниците), според ЕЦБ.

Половина од испитаниците поддржуваат воведување на максимална сума во дигитални евра што треба да ја има на располагање секој граѓанин, односно воведување „плафон“ чие кршење би довело до плаќање на казни.

Две третини од испитаниците сметаат дека дигиталните пари треба да се понудат преку посредници во приватниот сектор и да се интегрираат во постојниот систем на плаќање.

Една четвртина од испитаниците сакаат дигиталното евро да биде понудено во форма на „паметна картичка“ или апликација за телефон за да може да се користи за офлајн плаќања.

Дигиталното евро треба да функционира како директно побарување на лицето кое го има на располагање на ЕЦБ, што значи дека ќе биде посигурно од сметка на комерцијална банка и дигитален паричник. Како што е наведено, создавањето на дигиталното евро е само во почетната фаза и неговото воведување може да се очекува само за 4-5 години. Другите централни банки во светот работат на слични проекти, а Кина направи посебен напредок во оваа област.