Европа се подготвува да усвои нова технологија која автоматски ќе ги успори возачите ако возат пребрзо.

Според привремениот договор од ЕУ, од 2022 секое ново возило ќе биде опремено со “Интелигентна помош при голема брзина”, која користи GPS, камери и софтвер за мапи за автоматско забавување на возилата при високо забрзување. Плановите се уште треба да поминат низ парламентот и да добијат одобрение од земјите-членки на ЕУ. Во неодамнешната објава Volvo објави дека ќе ги ограничи брзините до 112 километри на час.