Инфлацијата во еврозоната трет месец по ред бележи забавување побрзо од очекуваното, а во март меѓугодишната стапка паднала на 2,4 отсто, соопшти „Евростат“.

После стапка на инфлација од 2,6 отсто и 2,9 осто во јануари и февруари, инфлацијата попушта трет месец по ред и според месечните споредувања.

Основната инфлација, во која не се вклучуваат цените на енергенсите и храната, во март била 2,9 отсто, во однос  на  3,1 отсто од претходниот месец.

Значајно попуштил и инфланторниот притисок на цената на храната, која што на меѓугодишно ниво паднала од 3,9 на 2,7 отсто. Енергенсите повторно поевтиниле, со минус 1,8 отсто, што е нешто побавно од февруарските 3,7 отсто.

Поединечно по држави, инфлацијата во март била најсилна во Хрватска, или 4,9 отсто а најслаба во Летонија со 0,3 отсто.