euro-dollar-billЕврото се стабилизира во однос на доларот на меѓународните девизните пазари пред божиќните празници, откако италијанскиот парламент го одобри задолжувањето на државата за поддршка на проблематичните банки.

Еврото во однос на доларот се зголеми за 0,2 проценти на 1,0405 $. Во вторникот падна на најниско ниво во однос на американската валута во последните 14 години, од 1,0352 $. Доларот малку зајакна во однос на јенот за 0,3 проценти на 117,50 јени.

Во таква средина Долар индексот во однос на кошницата клучни светски валута ослабе за 0,2 проценти на 103,11 индексни поени. Во вторникот го достигна највисоко ниво во последните 14 години, од 103,65 поени.

Трговијата полека се смирува пред божиќните празници. Во таква средина фокусот е насочен само кон италијанскиот финансискиот сектор. Банката Monte dei Paschi di Siena до крајот на годината треба да собере пет милијарди евра за да не биде затворена од страна на Европската централна банка, а Рим веќе наведе дека е подготвен да интервернира за спасување на банката. За таа цел италијанскиот парламент формално го одобри државното задолжување од 20 милијарди евра за помош на банките.