2011-01-12-3574_0_22_dollar_euro_450-450x330Еврото на меѓународните девизни пазари ослабе во однос на доларот по изјавата на претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) дака продолжуваат со спроведувањето на програмата за купување на обврзници, а дополнителна тежина добива од падот на приносите на германските обврзници.

Еврото во една ваква средина, се тргуваше за 1,0630 долари, што значи ослабување за 0,5 проценти во однос на предходниот ден.

Приносите на 10-годишните германски обврзници паднаа речиси цел базен поен, на рекордно ниско ниво од 0,087 проценти. Приносите на 30-годишните француски обврзници се намалени под еден процент, додека две годишните португалски обврзници се лизнаа во близина на негативни нивоа.

“Не се гледа крајот на таквите трендови “, изјави Ciaran O’Hagan, аналитичар на Сосиете Женерал во Париз.

Во исто време долар индексот, се зголеми за 0,4 проценти на 98,696 поени. Вредноста на доларот во однос на јенот се зголеми за само 0,1 проценти на 119,305 јени.

За понатамошни насоки за движењето на доларот на пазарот, ќе се чекаат новите економски показатели од САД, особено оние во секторот на недвижности.