euro-dollarДевизниот курс на еврото ослабна во однос на доларот, откако во прв план на инвеститорите сега се бројните пречки на политичи план кои претстојат за постигнување договор оваа недела помеѓу Грција и доверителите.

Европската валута ослабе во однос на доларот за 0,6 проценти на 1,1268 $. Доларот зајакна за 0,2 проценти во однос на јенот на 123,57 ¥.

Девизниот курс на еврото се најде под притисок од продажбата, откако трговците кои во понеделникот купуваа евра надевајќи се на постигнување на договор на Грција со кредиторите, сега забележуваат низа на големи пречки на политички план кои стојат на патот кон постигнување на договор оваа недела.

Лидерите на земјите од еврозоната понеделникот доцна навечер се договорија дека институциите кои се кредитори на Грција треба да се обидат до среда навечер да довршат детален договор со цел министрите за финансии да можат да го одобрат и презентираат на шефовите на држави на состанокот во четврток.

Голем притисок врз единствената европска валута врши јакнењето на доларот, кој обезбеди значајна поддршка од најновите информации во врска со 5 процентниот скок во продажбата на куќи во САД. Фокусот на инвеститорите повторно се врати на основните фактори кои се показатели за прв пораст на каматните стапки во САД во последните речиси десет години. Повторно се вратија шпекулациите дека Банката на федерални резерви на САД каматните стапки може да ги зголеми во септември.