На девизните пазари индексот на доларот, кој ја мери изведбата на американската во однос на кошницата од шесте најважни светски валути, зајакна за 0,34 отсто во однос на претходниот ден, на 101,39 поени, во пресрет на состанокот на американсакта централна банка, каде се очекува ново зголемување на каматните стапки за 0,25 процентни поени.

Еврото донекаде закрепна, откако во понеделникот потона за 0,5 отсто во однос на доларот, на најниското ниво во последните две седмици од 1,1059 долари, поради загриженоста на инвеститорите дека во еврозоната може да избувне рецесија, откако најновите податоци за деловната активност во еврозоната покажаа дека во јули се намали повеќе од очекуваното. Утрово со еврото се тргува по 1,1074 долари, но неговата цена и понатаму е за 0,4 отсто пониска од претходниот ден.

„Континуираната слабост во производствениот и услужниот сектор, особено во Германија, е многу поголема од очекуваното, што на површина вади некои прашања за политиката што може да ја очекуваме од ECB во четврток“, според Родриго Катрил, валутен стратег во Nacional Australia Bank.

Пазарите очекуваат Европскат централна банка (ECB) да ги зголеми каматните стапки за уште 0,25 процентни поени во четврток.

Истовремено, јапонскиот јен благо ослабна во однос на доларот, за 0,05 отсто, на 141,43 јени за долар.

На нафтените пазари цената на барел нафта од типот брент се зголеми за 0,12 отсто, на 82,84 долари, а на американскиот пазар за 0,17 отсто, на 78,87 долари.