Еврото зајакна денес во однос на доларот на меѓународните пазари пред Европската централна банка (ЕЦБ), додека доларот ослабе во однос на кошница на валути поради оптимизмот на инвеститорите во врска со очекуваниот дарежлив економски стимул во Соединетите држави.

Еврото зајакна скоро 0,3 проценти во однос на доларот од претходното затворање, на 1,2139 долари, додека инвеститорите чекаат одлуки од редовната седница на Европската централна банка (ЕЦБ) и пораки од прес-конференцијата на нејзината претседателка Кристин Лагард.