1 evroНа девизните пазари минатата недела, еврото зајакна во однос на доларот трета последователна недела, како последица на верувањето на инвеститорите дека ФЕД наскоро нема да ги зголеми каматните стапки.

Девизниот курс на еврото минатата недела во однос на доларот зајакна за 0,8 проценти на 1,1355 $, а во еден момент, за прв пат по еден месец, се проби над нивото од 1,1400 $. Во однос на јапонската валута, еврото се зголеми за 0,2 проценти, на 139,25 ¥. Вредноста на доларот ослабна во однос на јенот за 0,6 проценти на 122,70 ¥.

Најголемиот притисок врз доларот следеше во средата по состанокот на челниците на ФЕД кои најавија дека најголемата економија во светот е веројатно доволно снажна да го издржи зголемување на клучните каматни стапки до крајот на годината.

Меѓутоа, официјалните лица ФЕД ги намалија проценките за темпото на раст на каматните стапки во текот на следните две години. Затоа, на девизниот пазар провладеа ставот дека каматните стапки нема да се зголемат во септември, него во октомври или дури во декември.

“Инвеститорите кои пред порака ФЕД купуваа долари се надеваа на јасени показатели дека централната банка ќе ги зголеми каматните стапки во септември, но од ФЕД тоа не се ни наслушна”, изјави Kathy Lien, директорка на фондот BK Asset Management.

Поради тоа доларот се најде под притисок и падна во однос на европската валута, иако и еврото е под голем притисок поради грчката должнича драма.

Ни во четвртокот на средбата на министрите за финансии на еврозоната не е постигнат напредок во решавањето на грчкиот проблем, затоа што Атина не се согласува да ги спроведе реформите потребни од страна на еврозоната со цел да и се одобри нов заем.

Грција е еден чекор поблиску до банкрот, бидејќи на крајот од јуни истекува крајниот рок за отплата на заемот од ММФ во износ од 1,6 милијарди евра, а Атина нема пари да ја плати обврската.

Грчките банки се во големи проблеми, бидејќи граѓаните и компаниите во изминатата недела повлекле повеќе од 4 милијарди евра во депозити, па мораше да бидат помогнати од Европската централна банка со итно финансирање.

За денес е свикан вонреден самит на шефовите на држави и влади на 19 земји-членки на еврозоната посветен на Грција.

Според аналитичарите еврото до сега е изненадувачки отпорно на настаните во Грција. “Ниту еден од учесниците на финансискиот пазар не се грижи за Грција”, пишуваат аналитичарите на Commerzbank.

Валутниот аналитичар од DZ Bank Sonja Marten изјави дека поради приближувањето на крајниот рок за отплата на 1,6 милијарди долари кон ММФ инвеститорите сепак станаа нервозни.

“Ние сме сведоци на рокови и нови рокови, но ниту еден од нив, всушност, не се покажа конечен, но сега се доближуваме до крајниот рок за отплата на долгот. Неизвесноста секако не е добра за еврото … и секое решение ќе биде позитивно за Грција, а кога ќе се дојде до него неизвесноста донекаде ќе биде отстранета. Колку долго тоа ќе потрае, тоа е сосема друго прашање “, изјави Marten.