Федералните резерви на САД се подготвуваат да ги зголемат каматните стапки за да ја сопрат растечката инфлација пред таа да излезе од контрола.

Американските централни банки од друга страна стравуваат од можноста покачените каматни стапки да го попречат процесот на закрепнување на стопанството што се уште се справува со негативните последици од пандемијата на ковид-19. Дополнителна несигурност на ситуацијата внесува и руската инвазија врз Украина, како и постојан недостиг на работна сила.