Федералните резерви на САД ги задржаа краткорочните каматни стапки непроменети близу нула, како и програмата за купување обврзници од најмалку 120 милијарди долари месечно.

Шемата за откуп на обврзници има за цел да ја поддржи економијата која силно расте од почетокот на 2021 година, како и да го поддржи функционирањето на пазарот во време кога каматните стапки на 30-годишните хипотеки се уште се движат околу 3,0 проценти.

 

И покрај изјавата за економската моќ и растот на инфлацијата, иако привремена, Федералниот комитет за операции на отворен пазар, што одлучува за монетарната политика, едногласно зазеде став дека ништо нема да се промени во неговиот пристап и не сугерираше дека работите ќе промената наскоро, јави Си-Ен-Би-Си.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел рече дека закрепнувањето е „нерамномерно” и дека не е далеку од завршено. Иако истакна дека инфлациските притисоци можат да се интензивираат во наредните месеци, тој смета дека еднократното зголемување на цената веројатно ќе има само минливи ефекти врз инфлацијата.

Пауел додаде дека се уште не е време да се разговара за намалување на мерките за прилагодување, вклучително и за политиката за откуп на обврзници.