После мојата објава за тоа што мислам за аквизицијата на македонскиот Групер од страна на една полска компанија и тамунаведеното што мислам за основачот на истиот, се јавија еден куп „градски фаци“ и „реализирани дами“ во коментари да ја бранат Нина. Е овој текст, за да не ви одговарам на секого посебно, еве сублимирано, Ви се обраќам Вас, на фановите на Нина:

Прво, значи да Ви напоменам дека овој текст не е анализа. Е, во еден вид психоанализа, но не е никаква техничка анализа и престанете со тој муабет дека текстот не бил анализа. Значи овој текст, како и претходниот е повеќе психоанализа отколку техничка анализа. И да завршиме со оваа глупа флоскула.

Второ, абре луѓе, колку и да Ви звучи ова брутално, морам да го кажам… Абре луѓе ја знам јас Вашата маленкост, простотилак, сиромаштија на духот и искривени вредности. Па јас овде со Вас живеам. Мене многу ми е добро познато македонското селско итрило, вештото упикавање кај лажни авторитети, Вашата безидејност, ограничени видици и wannabe-зам… Мене оддамна ми е јасно со какви аматери овде се работи. Сакам нешто да Ви порачам: Пред да ја браните да ми одоговорите на следните кратки прашања:

  1. Како е можно и дали е санкционирано повлекувањето на пари на министер за финансии, од банка која во негов мандат банкротира, додека стотици други крупни штедачи ги губат депозитите?
  2. Зошто сметкопотврдата не се дигитализира?
  3. Зошто се врати рамниот данок, а цело време се прокламираше прогресивниот данок во духот на социјалдемократијата?

Значи штом ми реплицирате на објавата, задржете се на овие теми ок? Јас немам за министерката ништо лично… Што би имал за или против оној кљун? Значи јас чисто професионално прашувам за овие три страшно важни и опасни проекти, кои, Вашата маленкост , пак, не можe да ги свати… Ако се прашувате како знам дека не можете да ја сватите тежината на овие три прашања, навратете се на точка 2 погоре.

И бидејќи добив разно разни квалификации од луѓе кои ниту ме знаат ниту сум имал контакт, решив и јас да направам еден физички и психолошки профил на фан на Нина :

  1. Кај мажи – бубуљкосано ИТ веселниче. Не го дружеле многу, многу во школо. Во диско го враќале од на врата. Работи во некаков си странски старт-ап во Скопје и користи модерни и фенси сленгови. Ги има изгледано сите епизоди на пријатели и гејм оф тронс. Често маструрбира, но често ја сонува и Нина, која во неговиот тесноглед на успехот е македонската Опра Винфри и олицетворение на снајдувалка.
    Покрај ваквите веселници кои се знаат од по некакви си догаѓаи поврзани со ИТ, е комерц или остала срања постои еден друг тип на алфа-мажјак фан. Цепејнца партиска, кој за партиската и јавната фотеља лижит од портир до сатрап во партијата. Лижењето кај ваков „пропулзивен“ кадар носи плус бодови, па се лижит дури и со тагирање. Двата типови фанови се бидени на апсолвенска екскурзија до Љорет дел Мар и Виена. Двата типови на фанови имаат цврсти ставови, изградени ставови, ништо не може да ги промени нивните ставови, ама реално и објективно гледано се тешки стапови….
  2. Женски фанови – поопасен, поподмолен и попресметан вид. Растргната помеѓу запршката дома и тангата на работа, овој вид на фанови е составен од подпросечни госпоѓи со сомнителен морал и минато. Што е пострашно кај нив е следното, додека кај машките фанови кои до извесна мерка ја гледаат и како сексуален објекат и евентуална среќна шанса за брак, женскиве фанови се персонифицираат со неа. Таа е нивниот рол модел. Симбол за успех, секоја обожавателка сака да е на нејзино место. Тоа нормално не го кажуваат но во синдромот на дуална поделеност тие ја фалат нејзе, а се замислуваат сами на тоа место.
    Тоа се најчесто нереализирани госпоѓи од 30-45 години, несватени од општеството, мажите и околните, расходани кобили во потрагата по вечна среќа по скопските кариерни беспаќа. Освен глорификација на нивното алтер его – Нина во случајов – секаква критика кон себепроекцијата ја дочекуваат како вест кога им касни мензисот. Донекаде е јасно зошто некои нереализирани жени се идентификуваат со неа. Македонската сцена немала силни и феминизирани жени во голем број, така да Нина им доаѓа како швепс.

И додека оваа толпа фанови, занемарувајќи дубарите и неспособноста, плагијаторството и селскиот итроштилак на дотичната, не сваќаат кој е офца на масата, дотогаш ние ќе имаме нови Нини.. Има една стара покерска поговорка во Америка и вели : Ако не знаеш кој е офца на масата, најверојано си ти. Е тоа ти е и со овие фанови.

Така да драги мои, ево подетално ви елаборирав што мислам за вас, Ве профилирав соодветно и знам дека не сум далеку од вистината, и еве ви давам збор дека повеќе нема да пишувам за вашиот рол модел Нина. Бидејќи и тука се водам од една поговорка: Никогаш не ја потценувај моќта на голема толпа глуп народ. Тоа особено го видовме во периодот 2006-2017 . но за жал, всадениот Стокхолмски синдром трае, и изгледа ќе потрае…

 

Наум Димитровски