Не може да се замисли модерен наставен процес, без да се спои теориското знаење и пракса стекната во деловно опкружување. Во тој правец ќе се движи соработката на ФИКТ-Факултет за информатичко компјутерска технологија при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола и Финтек компанијата “СН финансии“, која има одлично развиен ИТ сектор како поддршка во нејзиното дневно функционирање.

За оваа соработка, официјално е потпишан и меморандум за соработка, со што продолжува да се реализира проектот Business Academy Hub на СН финансии, кој пред минатата година беше инициран на истиот универзитет, прво со Економскиот факултет во Прилеп, а потоа следуваше старт на соработката со Правниот факултет.

-Доаѓа време кога не е доволно да објавите оглас, да ви се пријават кандидати, да побарате препораки….тоа е едно минато време во кое многу компании се се уште заглавени. СН финансии, која е релативно млада компанија, постои 6 години, но сериозно работи на развивање на програми за идентификување на студенти и талент програми на кои се пронаоѓаат најдобрите, истакна Никола Јошевски, генерален директор на “СН финансии“ при потпишувањето на меморандумот.

Факт е дека новото време бара носители на глобален иновативен експеримент за дифузија на академијата со бизнисот при што на студентите се гледа како на големо потенцијално богатство, а ваквите соработки стануваат и научен полигон во кој можат да се прават и истражувања за постдипломци, но и размена на знаење во двата правци.