Со 2 милиони евра неповратни пари, Фондот за иновации ќе ги поддржи македонските старт ап компании. Новина е што граѓаните кои имаат иновативна идеа за прв пат можат да аплицираат во тимови , а откако ќе ги добијат парите  имаат рок од 30 дена да основаат форма и да започнат бизнис.  Исто така можат да конкурираат и фирми не постари од 6 години, а максималната сума која можат да ја добијат изнесува 60.000 евра.

Максималната сума која можат да ја добијат новоосновани компании изнесува 40,000 евра, каде лицата се должни да обезбедат само 10%, односно 4,000 евра сопствени пари, додека пак за фирмите од 3 до 6 години  предвидени се максимум 60,000 евра. Сопственото учество овде  е 15%, односно  9,000 евра, изјави Коста Петров , директор на Фонд за иновации.

Петров е задоволен што во земјава има многу млади кои имаат добри  идеи и нудат решенија за побрз економски раст. Дали проектот  е издржан и иновативен, одлучува тим од странски експерти, каде претседател е поранешниот директорот на Јаху.

За да им се помогне на лицата кои немаат сопствени  средства, а имаат добра  идеја,  Фондот склучи договори  со 3 банки, од каде полесно ќе можат да земат кредит. Инаку до сега, преку Фондот за иновации поддржани се 540 компании.