Фолксваген треба целосно да ги компензира клиентите кои зеле кредити за да купат дизел автомобили за кои е откриено дека се опремени со софтвер за манипулирање со тестовите за емисија на штетни гасови. За ова денеска заседаваше Сојузниот врховен суд во Карлсруе, цитиран од Ројтерс.

Судот ја одби жалбата на германскиот производител на автомобили и објави дека тој мора да плати 3.300 евра (3.926 американски долари) на секој купувач кој купил еден од овие дизел автомобили во 2013 година, плус камата на кредитот.

Ова е уште еден случај за вториот најголем производител на автомобили во светот, кој се обидува да стави крај на скандалот со манипулирани емисии во 2015 година.

Фолксваген има акумулирано трошоци од над 32 милијарди евра (38 милијарди долари) како резултат на Дизелгејт.

Случајот, кој денеска го сослуша судот во Карлсруе, го покрена клиент кој купил половен Фолксваген голф со кредит од Фолксваген банка (ВБ), подружница на автопроизводителот. Откако експлодирал доводот за дизел гориво, клиентот го вратил автомобилот со мотор ЕА 189 среде кризата со изманипулираните тестови и побарал надомест на штетата.

Фолксваген, кој одби да ја плати каматата на кредитот, објави дека денешната судска одлука нема да важи за сите набавки на возила што добиле кредитит.