Фондот за регионални предизвици (РЦФ) ќе го објави првиот повик за поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука, неменет за шесте економии на Западен Балкан.

Фондот ќе додели 18,8 милиони евра до 2025 година за поддршка на инвестициите во регионот. Целта е да се финансираат до 60 проекти за времетраење на програмата.

На настанот што денеска ќе се организира онлајн, а со кој ќе се означи почетокот на повикот, најавено е учество на претседателот на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, Марко Чадеж, како и на претставници од КФВ-Европска Банка-Германска соработка за развој, АНК германска трговска комора, ГИЗ и Европската фондација за обука.