И во Новата година со гарантирани цени на основните прехранбени производи. Владата ја продолжи мерката зашто новиот закон за нефер трговски практики е сè уште во Собрание. Дали мерката се почитува?

Детергент за алишта до 1.500 денари, јајца 102 денари, млеко 60 денари, брашно 48 денари, зејтин 78 денари- ова се гарантираните цени што ги затекнавме во некои од маркетите.

И додека е неизвесно кога ќе биде донесен Законот за нефер трговски практики, што треба да се случи месецов или гарантираните цени ќе продолжат да важат и во февруари, дел од граѓаните забележуваат поскапување на дел од производите.

Додека граѓаните секојдневно прават есап и внимателно ги следат цените, надлежените велат дека инфлацијата годинава ќе биде три проценти, за разлика од годината што измина кога се проценува на девет отсто.