Најмоќната европска економија бара работници од странство.

Станува збор за 300.000 слободни работни места.  Таа бројка ќе се зголеми на милион или повеќе.

„На Германија ќе и треба зголемена имиграција за да се спречи сериозниот недостиг на работна сила што ќе ја поткопа продуктивноста и ќе ја загрози успешната енергетска транзиција“, изјави денеска Роберт Хабек, министер за економија на најголемата европска економија.

Економски најразвиените градови нудат најдобра заработка, а според извештаите претставени во „Степстон“, просечната годишна плата во Германија е 56.985 евра. Највисоки плати имаат лекарите (нивниот бруто годишен приход е 100.762 евра), потоа банкарите чија просечна плата е 62.744 евра, додека платите на адвокатите во просек изнесуваат 68.642 евра.

Инаку, бројките на Евростат покажаа дека над 100.000 граѓани со македонско потекло живеат во Германија.