Отсега јазикот нема да биде проблем да се добие германска работна виза. Ова се само дел од промените во Германија за привлекување на работна сила. Нема да има и проверка на приоритетот на работата. Во Германија има илјадници слободни работни места.

Голем е бројот на македонски граѓани кои веќе ја напуштија земјата во потрага по подобра плата. Се претпоставува дека од занаетчиите веќе 80 отсто се заминати во други земји. Од Занаетчиската комора веќе подолго време предупредуваат дека државата треба да преземе мерки за задржување на работниците. Главната причина за заминувањето се платите.

И Хрватска објави дека има потреба од 150 илјади работници. Таму, по влезот на земјата во ЕУ, голем број на млади луѓе заминаа, па сега хрватската влада бара увоз на работна сила.